Инаку, украинскиот претседател денеска во Белата куќа ќе има средба со својот американски колега и домаќин Доналд Трамп, во чиј фокус, според пишувањата на медиумите, се очекува да биде барањето на Украина да добие ракети со долг дострел „томахавк“ од САД, со кои може да гаѓа цели подлабоко на руска територија
Украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој е во посета на Соединетите Американски Држави (САД), трета од почетокот на оваа година, соопшти дека се сретнал со претставници на „Рејтеон“, американската компанија што ги произведува системите за воздушна одбрана „Патриот“.

Средбата, како што може да се види од видеото што го објави Зеленски на платформата Икс, се случила во Амбасадата на Украина во Вашингтон.
„Се сретнав со претставници на компанијата ‘Рејтеон’ која ги произведува системите ‘Патриот’. Им кажав за ситуацијата на бојното поле и за зголемените напади од страна на Русија врз нашите луѓе и цивилната инфраструктура“,
напиша Зеленски.
Со претставниците на американската компанија, како што наведува тој во објавата, било разговарано за производствените капацитети на „Рејтеон“, за потенцијална соработка во насока на зајакнување на противвоздушната одбрана на Украина и капацитетите за долг дострел, како и за перспективите за заедничко украинско-американско производство.
„Постојат решенија за подобрување на заштитата на животот во Украина и работиме на сите нивоа за да обезбедиме нивно спроведување“,
додава украинскиот претседател.
I met with representatives of the defense company Raytheon, which produces, in particular, Patriot systems.
— Volodymyr Zelenskyy / Володимир Зеленський (@ZelenskyyUa) October 17, 2025
I told them about the battlefield situation and Russia’s intensified attacks on our people and civilian infrastructure.
We discussed Raytheon’s production capacity,… pic.twitter.com/w5DgX3BkF2
Инаку, Зеленски денеска во Белата куќа треба да се сретне со својот американски колега и домаќин Доналд Трамп. Во фокусот на средбата, според пишувањата на медиумите, се очекува да биде барањето на Украина да добие ракети со долг дострел „томахавк“ од САД со кои би можела да гаѓа цели подлабоко на руска територија.
На најавената средба меѓу Трамп и Зеленски, вчера му претходеше телефонски разговор меѓу американскиот претседател и неговиот руски колега Владимир Путин, во кој двајцата договориле средба во Будимпешта, на која ќе разговараат за можностите за ставање крај на војната во Украина.
Телефонскиот разговор меѓу двајцата претседатели, според дел од западните медиумите, е непријатно изненадување бидејќи се случи еден ден пред средбата меѓу Трамп и Зеленски.
Украинскиот претседател, коментирајќи го разговорот, во Вашингтон изјави дека одлуката на Владимир Путин да бара средба со Трамп покажува дека рускиот претседател е во дефанзива.
„Веќе можеме да видиме дека Москва брза да го продолжи дијалогот штом ќе слушне за ракетите ‘томахавк’“,
рече Зеленски.
Од друга страна, Јуриј Ушаков, помошникот на рускиот претседател, вчера на брифинг со новинарите изјавил дека Путин му повторил на Трамп дека потенцијалната испорака на ракетите со долг дострел „томахавк“ во Украина ќе ги нарушат односите меѓу Москва и Вашингтон.
Американскиот претседател изрази колебање за евентуална испорака на ракети „томахавк“, наведувајќи дека САД зад треба да размислуваат и за зачувување на сопствениот арсенал.
„Не можеме да ги осиромашиме (резервите) на нашата земја. Ни требаат ракетите ‘томахавк’“, па не знам што можеме да направиме. Имаме многу од нив, но ни требаат и нам“,
рече Трамп одговарајќи на новинарски прашање по телефонскиот разговор со Путин.
Во меѓувреме Белата куќа го објави распоредот на претседателот Доналд Трамп за денешната средба со својот украински колега во Белата куќа, која според најавите ќе трае пократко од претходните две.
Според распоредот, Трамп ќе се сретне со украинскиот претседател Зеленски во 19 часот според средноевропско време, по што е закажан разговор со новинарите, кој ќе трае петнаесетина минути.
Потоа ќе следува 45-минутен билатерален работен ручек, по кој Трамп ќе замине кон својата резиденција во Палм Бич, Флорида.
„Денешната средба меѓу Зеленски и Трамп во Вашингтон сигурно ќе биде пократка од посетите на украинскиот лидер во август и февруари и не е целосна државна посета. Но, ова секако е кратко време за средба меѓу двајцата. Покрај тоа, планот од самиот почеток беше претседателите да разговараат за неколку точки што веќе ги разговараа по телефон, а потоа Зеленски да се сретне со функционери и компании од одбранбениот и енергетскиот сектор“,
вели дописникот на Фајненшл тајмс од Киев, Кристофер Милер.
Today's meeting between Zelensky and Trump in Washington was always going to be a shorter meeting than the Ukrainian leader's visits in August and February and not a full-on state visit. But this is certainly a brief window for the two to meet. That said, the plan all along was… https://t.co/AbCUK1byUh
— Christopher Miller (@ChristopherJM) October 17, 2025