„Немаме сомневање дека јасно и недвосмислено институциите треба да постапат во согласност со законот и утврдените процедури. Извршувањето на јавна функција носи конкретни обврски и одговорности“, се наведува во соопштението на владејачката партија
Во врска со објавите на социјалните мрежи, за директорот на Клиниката за неврологија, д-р Игор Кузмановски, ВМРО-ДПМНЕ ја поддржува одлуката да биде разрешен од функцијата, соопштија од владејачката партија.

„Немаме сомневање дека јасно и недвосмислено институциите треба да постапат во согласност со законот и утврдените процедури. Извршувањето на јавна функција носи конкретни обврски и одговорности. Нашата заложба е правилата и законите да важат за сите подеднакво и управувањето на институциите мора да биде во согласност со вредносниот систем на одговорност за кој се залагаме и ќе продолжиме да се бориме“,
се наведува во сопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Како што претходно објавивме, министерот за здравство Азир Алиу денеска го разреши директорот на Клиниката за неврологија, Игор Кузмановски, откако на социјалната мрежа Икс се појави видео на кое тој зборува за консумација на дрога.
На видеото, Кузмановски меша бела прашкаста материја во чинија, зборува за неа со асоцијација за кокаин и разговара со друго лице кое најверојатно го снимало видеото.
Инаку, Кузмановски е кадар на владејачката ВМРО-ДПМНЕ и на директорската позиција беше поставен во авгсут годинава.