Денеска, веднаш по формалното отворање на истрагата, надлежниот јавен обвинител до Судот доставил предлог за определување редовен притвор во траење од 30 дена

Основното јавно обвинителство Кочани донесе наредба за спроведување истражна постапка против 37-годишен жител на Виница, осомничен за кривично дело тешка телесна повреда, откако во тепачка тешко повредил едно лице и му го довел во опасност животот.
Настанот се случил на 2 октомври на паркинг-простор пред ресторан во Виница.
Според Обвинителството, осомничениот започнал вербална расправија со оштетениот во ресторанот. Конфликтот продолжил пред објектот, каде што осомничениот најпрво му задал повеќе удари со тупаници во стомакот. Потоа, двете лица продолжиле да се туркаат и да се удираат со камења.
И покрај обидите на присутните лица да ги раздвојат, во еден момент осомничениот со камен го удрил оштетениот во задниот дел од главата. Оштетениот од ударот паднал во бессознание.
Лекарите констатирале скршеница на черепот на главата поради која оштетениот се наоѓа во кома и е неконтактибилна, а животот му е доведен во опасност.
Јавниот обвинител веднаш по настанот побарал и добил мерка притвор за осомничениот во траење од двапати по 48 часа, со цел да се обезбедат сите потребни докази, особено во поглед на здравствената состојба на оштетениот.
Денеска, веднаш по формалното отворање на истрагата, надлежниот јавен обвинител до Судот доставил предлог за определување притвор во траење од 30 дена.