Од синдикатот нагласуваат дека 20 октомври е намерно избран како датум за почеток на штрајкот – ден по локалните избори – за да не може раководството да го претстави како политички мотивиран
Македонскиот воздушен простор ќе биде целосно затворен за авионски сообраќај на 20 и 24 октомври, поради штрајк на контролорите на летање во М-НАВ.
Струковиот синдикат на контролори на летање (ССКЛМ) повторно ја активираше одлуката за штрајк, обвинувајќи го менаџментот дека не ги исполнил претходно дадените ветувања и дека состојбата во претпријатието е сериозно загрижувачка. Според нив, клучни кадровски решенија во М-НАВ намерно се блокираат, а системот е на работ на колапс.
Од синдикатот нагласуваат дека 20 октомври е намерно избран како датум за почеток на штрајкот – ден по локалните избори – за да не може раководството да го претстави како политички мотивиран.
Претседателот на УО и извршен директор на секторот за воздухопловна навигација – Владимир Ристевски за Канал 5 изјави дека се она што е побарано е исполнето и работите се движат според барањата на синдикатот.
„Вработувањата се одобрени од Влада, но чекаат да помине изборниот процес со дел да се направи селекција и вработување на тие кадри, каде се пет инженери и шест контролори. За функционална анализа, која е побарана, е добиена согласност техничката спецификација се презицира и месецов би требало да се објави тендер“,
вели Ристевски.