До 8 часот наврнале и 17 литри дожд на единица површина во Крушево и Битола, 14 во Штип, 13 во Скопје-Петровец и Тетово, 8 во Демир Капија и Крива Паланка, 7 во Берово, и Претор, 5 во Виница, како и 3 во Струмица
Утрово најстудено е во Крушево, 4 Целзиусови степени, а во изминатите 24 часа најмногу дожд наврнал во Ѓуриште, 19 литри на метар квадратен.

Како што информира Управата за хидрометеоролошки работи, до 8:30 часот се измерени 6 степени во Берово, Крива Паланка и Тетово, 7 во Куманово, 8 во Скопје-Петровец, Битола, Виница и Штип, 9 во Претор и Демир Капија и 10 во Струмица.
До 8 часот наврнале и 17 литри дожд на единица површина во Крушево и Битола, 14 во Штип, 13 во Скопје-Петровец и Тетово, 8 во Демир Капија и Крива Паланка, 7 во Берово, и Претор, 5 во Виница, како и 3 во Струмица.
Времето денеска ќе биде облачно и студено со врнежи од дожд, кои на повеќе места ќе бидат пообилни. На планините врнежите од дожд ќе преминат во снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне од 6 до 13 Целзиусови степени.
Во Скопје ќе биде облачно и студено со повремени врнежи од дожд, повремено пообилни. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Максималната температура ќе достигне до 10 степени.