Властите соопштија дека 294 лица се повредени, а околу 20 000 други ги напуштиле своите домови. Потрагата по исчезнатите лица е завршена, а вниманието на спасувачите е насочено кон стотиците повредени и илјадниците што останаа без покрив над главата
Бројот на жртви од силниот земјотрес во централниот дел на Филипините се искачи на 72.

Потрагата по исчезнатите е завршена, а вниманието на спасувачите е насочено кон стотиците повредени и илјадниците што останаа без покрив над главата.
Властите соопштија дека 294 лица се повредени, а околу 20 000 други ги напуштиле своите домови. Речиси 600 куќи се срушени во северниот дел на крајбрежниот град Себу, а голем дел од населението е оставено без дом.
Во меѓувреме, подрачјето е подложно на стотици последователни потреси, по првичниот од 6,9 степени според Рихтеровата скала.
„Еден од предизвиците се последователните потреси. Тоа значи дека жителите не се подготвени да се вратат во своите домови, дури и во оние куќи кои не беа оштетени“,
изјави портпаролката на Советот за намалување и управување со ризици од катастрофи, Џуни Кастиљо.
Според регионалната канцеларија за цивилна одбрана, повеќе од 110 000 луѓе погодени од земјотресот на Филипините ќе имаат потреба од помош за обнова на своите домови.