Тепачка во која учествувале повеќе лица вечерва се случила во центарот на Кичево во близина на гимназијата.
По настанот, во градот се забележува и зголеменото присуство на полицијата и полициските патроли.
Портпаролот на СВР-Охрид, Стефан Димоски, за „360 степени“ потврди дека кичевската полиција вечерва интервенирала, но деталите ги најави за во текот на утрешниот ден.
