„Досега се регистрирани 17 случаи, кај дел од нив од измет е изолирана ‘Salmonella enteritidis’“, вели епидемиологот Светлана Живкова во изјава за МИА
Вкупно 17 лица досега пријавиле симптоми на труење откако јаделе во киоск-сендвичарницата во Штип, која викендов беше времено затворена од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ).

Бројката на лица со симптоми на труење со храна до вчера изнесуваше 15. Се работи главно за ученици и вработени во штипското средно училиште кои јаделе од сендвичарницата.
„Досега се регистрирани 17 случаи, кај дел од нив од измет е изолирана ‘Salmonella enteritidis’. Земени се 35 примероци од храна, вработени и работни површини и се пратени во лабораторија на ИЈЗ во Скопје“,
вели епидемиологот Светлана Живкова во изјава за МИА.
Резултатите од земените примероци сè уште се чекаат.
АХВ во неделата информира дека привремено е затворена киоск-сендвичарница во Штип откако пет лица пројавиле симптоми на труење со храна откако јаделе сендвичи со пилешки стек.