Според него, украинските сили се соочуваат со тешки услови во неколку делови од фронтот, вклучувајќи ја областа во близина на Купјанск, во граничниот регион Харков и во областите помеѓу Донецк и Дњепропетровск
Украинските вооружени сили за време на контраофанзивната операција во регионот на Добропиља ослободија повеќе од 174 квадратни километри територија, а руските сили загубија речиси 3 200 војници. Ова го изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски во своето вчерашно обраќање, додавајќи дека продолжуваат операциите во регионот.

„До денеска, нашите сили ослободија повеќе од 174 квадратни километри од почетокот на операцијата, а повеќе од 194 квадратни километри се исчистени од руски саботажни групи“,
рече тој.
Според него, украинските сили се соочуваат со тешки услови во неколку делови од фронтот, вклучувајќи ја областа во близина на Купјанск, во граничниот регион Харков и во областите помеѓу Донецк и Дњепропетровск.
„Ситуацијата таму е тешка, но нашите сили даваат сè од себе да ги одбранат своите позиции“,
вели тој.
На почетокот на август, руските сили неочекувано ја пробија фронтовската линија источно од Добропиља и напредуваа речиси 20 километри, но откако таму беа распоредени украинските резерви, тие беа делумно потиснати.
Како што додава Зеленски, од исклучителна важност е украинските производители на дронови и ракети да работат со полн капацитет, бидејќи производствените можности на земјата сè уште не се целосно искористени.
Украина се брани од руската инвазија повеќе од три и пол години.