Поради продор на постудена воздушна маса, во четврток и петок на повисоките планини ќе има услови за повремен снег и значително намалување на температурите
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

„Минималната температура ќе биде од 5 до 14 степени, а максималната ќе достигне од 17 до 24 степени“,
велат оттаму.
И во Скопје времето ќе биде променливо облачно, со сончеви периоди. Максималната теемпература ќе достигне 22 степени.
Од утре се очекува промена на времето, нов влажен бран со врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат пообилни.
Поради продор на постудена воздушна маса, во четврток и петок на повисоките планини ќе има услови за повремен снег и значително намалување на температурите.
За време на викендот ќе има стабилизирање на времето и постепен раст на дневната температура.