Новото издание на емисијата „360 степени“, во кое објавуваме одделни разговори со лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ, Христијан Мицкоски и Венко Филипче, се емитува вечерва (29 септември 2025 г.) од 21:05 часот на МРТ 1
Во новото издание на емисијата „360 степени“ на МРТ 1, на првиот ден од кампањата за локалните избори што треба да се одржат на 19 октомври, донесуваме одделни получасовни разговори со премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, и со лидерот на СДСМ, Венко Филипче. Интервјуата се на изборни теми. Двајцата лидери ги прашуваме на по колку градоначалници и гласови на советничките листи типуваат на овие избори, како ќе се постават во општините во кои немаат кандидати за градоначалници (Чаир, Тетово, Струга…), каков исход очекуваат во Скопје, што им се очекувањата за Струмица по дводецениска локална власт на социјалдемократите, каков е ефектот од финансирањето инфраструктурни проекти за општините со дел од унгарскиот кредит… Премиерот го прашуваме и дали, сепак, има околности под кои в година би се одржале предвремени парламентарни избори, а Филипче – може ли по локалните избори да се отвори прашањето за негово останување/заминување од лидерското место во СДСМ.
Емисијата се емитува од 21:05 часот на МРТ 1.