Овие ракети имаат дострел од 2 500 км (1 550 милји), што значи дека доколку ги добие Украина и потоа бидат употребени, ќе можат да стигнат до Москва. Како што пренесува Ројтерс, овој потег Русија би го сметала како ескалација на војната во Украина
Соединетите Американски Држави (САД) го разгледуваат барањето на Украина за испорака на ракети „томахавк“ со долг дострел, што земјата би ги користела во нападите против руските напаѓачи, изјави американскиот потпретседател Џеј-Ди Венс, пренесува Ројтерс.

Ова следи откако украинскиот претседател Володимир Зеленски побара од САД да им продадат „томахавк“ на европските земји, од каде потоа ракетите би се испраќале во Украина.
Венс, зборувајќи на темата, рече дека конечната одлука ќе ја донесе американскиот претседател Доналд Трамп.
„Секако се разгледуваат голем број барања од Европејците“,
рече тој.
Ракетите „томахавк“ имаат дострел од 2 500 км (1 550 милји), што ја става Москва во опсегот на овој арсенал, секако доколку го добие Украина. Како што пренесува Ројтерс, овој потег Русија би го сметала како ескалација на војната во Украина.
Претходно, Трамп ги отфрлаше украинските барања за ракети со долг дострел, но аналитичарите велат дека сега може да го смени мислењето, поради одбивањето на рускиот претседател Владимир Путин да постигне мировен договор.
Кит Келог, специјалниот претставник на САД за Украина, откри дека Трамп навестил дека на Киев можеби ќе му биде дозволено да започне напади со долг дострел во Русија.