Првично полицијата соопшти за двајца загинати, а неколку часа по пукањето во остатоците од црквата биле пронајдени уште две жртви

Најмалку четири лица загинаа, а осум се повредени при вооружен инцидент во Гранд Блан, во американската сојузна држава Мичиген, кога напаѓач со возило влетал во Мормонска црква, отворил оган врз верниците и ја запалил црквата.
Напаѓачот, кој е идентификуван како Томас Џејков Санфорд, е елиминиран во престрелка со полицијата. Тој бил воен ветеран, кој од 2004 до 2008 година бил на мисија во Ирак. Санфорд бил жител на блискиот град Бартон.
Првично полицијата соопшти за двајца загинати, а неколку часа по пукањето во остатоците од црквата биле пронајдени уште две жртви.
WATCH: Drone footage shows the Mormon Church on fire in Grand Blanc, Michigan, after shooter opened fire and shot multiple people.
— AZ Intel (@AZ_Intel_) September 28, 2025
Video: Julie J.
pic.twitter.com/pnU07q5Q0K
Друг 40-годишен маринец, ветеран кој служел во Ирак, е осомничен за пукање во Северна Каролина во кое загинаа три лица, а петмина беа ранети помалку од 14 часа пред инцидентот во Мичиген. Полицијата во Саутпорт, Северна Каролина, го обвини Најџел Макс Еџ, кој од брод отворил оган врз кафуле на брегот.
Претседателот на САД, Доналд Трамп, синоќа го осуди нападот во Мичиген оценувајќи го како уште еден целен напад врз христијаните.
„Осомничениот е мртов, но сè уште има многу да се научи. Се чини дека ова е уште еден целен напад врз христијаните во САД“, објави Трамп на својата социјална мрежа Трут соушал.
Тој додаде дека мора веднаш да заврши епидемијата на насилство во земјата.
Нападот врз Мормонската црквата во Гранд Блан, град на 96 километри северозападно од Детроит, се случил за време на неделната миса, на која присуствувале стотици луѓе.
Нападот во Мичиген е 324. масовно пукање во САД, според Архивата за насилство со оружје (Gun Violence Archive).