Екипи на АХВ вчера извршиле вонреден инспекциски надзор во објектот откако пет лица пројавиле симптоми на труење со храна откако јаделе сендвичи со пилешки стек
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) информира дека привремено е затврена киоск-сендвичарница во Штип поради можно труење со храна. Екипи на АХВ во текот на вчерашниот ден извршиле вонреден инспекциски надзор во објектот штом пет лица пројавиле симптоми на труење откако јаделе сендвичи со пилешки стек.

„Земенени се примероци за лабораториско тестирање од инкриминираната храна и брисеви од работните површини, а сендвичарницата по наредба на инспекциските служби на АХВ е времено затворена сè до добивање на резулати од лабораториските испитувања, со кои ќе се потврди нејзината безбедност“,
наведуваат од АХВ.
Пријавата за случајот до АХВ стигнала од Центарот за јавно здравје (ЦЈЗ) Штип.