Ова е втор протест што се организира по убиството на 31-годишната велешанка Росица Коцева, кое се случи на 15 септември, а беше извршено од страна на нејзиниот поранешен партнер, кој подоцна се самоуби
Околу стотина граѓани попладнево ја блокираа улицата пред Собранието и изразија револт против убиството на велешанката Росица, но и за сите други случаи на фемицид, за кои посочија дека имаат несоодветен третман од институциите.

Учесниците на протестот рекоа дека жените во државава, како и во светот, не се заштитени.
„Наместо да се плашиме која ќе биде следна, тука сме да кажеме – ниту една повеќе“,
кажаа тие.
Повторно беа побарани измени во Кривичниот законик, како и насилството врз жените да се гони по службена должност.
Најавено е и дека вакви собири ќе се одржуваат секој четврток.
Овој протест се реализира по повикот на движењето „Ниту една повеќе“, со цел граѓаните да се вклучат во заедничка борба против насилството врз жените.
Ова е втор протест што се организира по убиството на 31-годишната велешанка Росица Коцева, кое се случи на 15 септември, а беше извршено од страна на нејзиниот поранешен партнер, кој подоцна се самоуби.
Првиот се одржа минатиот четврток пред Министерството за внатрешни работи, како и со блокада на улицата кај паркот „Жена борец“ во Скопје.