Новото магазинско издание на емисијата „360 степени” се емитува вечерва (25 септември 2025 г.) од 21:15 часот на МРТ 1
Во ова издание објавуваме:
– Во повеќе од една третина од македонските амбасади во странство нема амбасадор – зошто;
– Како државата се бори со дезинформациите – анализа;
– (Не)мешање на државата и партијата – десет невладини организации во 26 општини бележат предизборни злоупотреби на административни ресурси;
– Зошто службените автомобили на министрите немаат црвено-жолти таблици;
– „Саботажа“.
Емисијата се емитува од 21:15 часот на МРТ 1.