Изјавата на Трамп предизвика остра поделба на Интернет. Додека некои, вклучително и лекарите, изразија загриженост за можното влијание на неговите зборови, други ги критикуваа бремените жени. Лекарите предупредуваат дека високата температура во бременоста е поврзана со зголемен ризик од вродени дефекти и дека избегнувањето на „тиленол“ може да доведе до невролошки малформации на фетусот
Откако американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека постои врска помеѓу земањето „тиленол“ (парацетамол) за време на бременоста и нарушувањето од аутистичниот спектар, бремените жени почнаа да објавуваат видеа на социјалните мрежи во кои го земаат лекот против болки.

Многу од нив велат дека не сакаат да примаат медицински совет од претседател кој нема медицинска диплома, а многу лекари се согласија со нив, објавува „Њузвик“.
За време на обраќањето во Белата куќа, Трамп посочи дека ацетаминофенот (парацетамол), активната состојка во „тиленолот“, може да биде поврзана со повисоки стапки на аутизам во Соединетите Држави, иако експертите велат дека врската останува недокажана. Медицинските експерти велат дека пораката на претседателот не само што е штетна, туку и не е поткрепена со целиот збир научни докази.
„Доналд Трамп е последната личност на која би ѝ верувал кога станува збор за медицински совет“,
рече д-р Луси Мекбрајд, додавајќи дека „тиленолот“ е еден од ретките лекови што им е дозволено на бремените жени да го земаат за да ги намалат високите температури, што може да биде опасно и за мајката и за бебето.
Изјавата одекна надвор од Соединетите Држави, а британскиот министер за здравство Вес Стритинг им советуваше на бремените жени во Обединетото Кралство да не обрнуваат внимание на тоа што Доналд Трамп вели за лековите.
Тренд на социјалните медиуми
На социјалните медиуми, особено на Икс и Тик-ток, циркулираат голем број видеа. Во едно од нив, жена се снима себеси како зема „тиленол“ со натпис: „Еве ме, БРЕМЕНА, земам тиленол затоа што верувам во науката, а не во некој што нема медицинска диплома.“
Корисничката на Тик-ток @natalie.kehl во видео со повеќе од 112 000 прегледи вели дека нема да слуша совети од некој што нема диплома по наука, здравство или медицина.
@yourrepublicanmom #greenscreenvideo @Grace 🤍 ♬ What's Up? – 4 Non Blondes
Друга корисничка, @aileenbystronova, објави видео во кое се повикува на Илон Маск и Марк Закерберг, кои открија дека се аутистични, и напиша:
„Пијам ‘тиленол’ штом дознав дека сум бремена бидејќи целата оваа работа со аутизмот се чини дека добро функционира за Марк, Илон и сите други технолошки милијардери“.
@aileenbystronova Mama’s about to be richhhh 🤪 #momcontent #momcontentcreator #tylenol ♬ Carmen Habanera, classical opera(1283412) – perfectpanda
Мислењата се поделени
Изјавата на Трамп предизвика остра поделба на Интернет. Додека некои, вклучително и лекарите, изразија загриженост за можното влијание на неговите зборови, други ги критикуваа бремените жени. Лекарите предупредуваат дека високата температура во бременоста е поврзана со зголемен ризик од вродени дефекти и дека избегнувањето на „тиленол“ може да доведе до невролошки малформации на фетусот.
Сепак, како што се ширеше трендот, некои лекари ги повикаа жените да престанат да земаат „тиленол“ само за да „му пркосат на Трамп“.
Д-р Никол Сафиер, радиолог и соработник на Фокс њуз, во објава на Икс која собра над 1,5 милиони прегледи, напиша:
„Не ја инструментализирајте вашата бременост за политички цели“.
Pregnant women popping Tylenol like Tic Tacs just to stick it to Trump — please stop.
— Nicole Saphier, MD (@NBSaphierMD) September 23, 2025
Don’t weaponize your pregnancy for a political point.
Consider acetaminophen only when absolutely necessary, for the shortest duration and lowest dose, even the makers of Tylenol say this.
Што велат експертите и јавноста
„Бремените жени кои земаат ‘тиленол’ како Тик-так бонбони само за да му се спротивстават на Трамп – ве молам престанете. Не ја искористувајте вашата бременост за политичка добивка. Размислете за ацетаминофен само кога е апсолутно неопходно, за најкратко траење и најниска доза, дури и производителите на ‘тиленол’ го велат тоа“,
напиша д-р Никол Сафиер.
Ашиш Џа, координатор за одговор на администрацијата на Бајден за ковид-19, издаде слично предупредување, велејќи дека не е добра идеја бремените жени да земаат лекови ако не е потребно.
Д-р Стивен Флајшман, претседател на Американскиот колеџ на акушери и гинеколози (АЦОГ), рече:
„Сугестите дека употребата на ацетаминофен за време на бременоста предизвикува аутизам не се само длабоко загрижувачки за клиничарите, туку се и неодговорни со оглед на штетната и збунувачка порака што им ја испраќаат на бремените жени.“
Тој додаде дека изјавата не е поткрепена со научни докази и опасно ги поедноставува сложените причини за невролошки предизвици кај децата.