Коцевски го информирал Мекачи во однос на структурата и досегашните активности на Привремената комисија задолжена за следење на постапувањето по евентуални изборни нерегуларности поврзани со постоење кривични дела против изборите и гласањето, како и други кривични дела кои би биле сторени при избирачкиот процес
Републичкиот јавен обвинител Љупчо Коцевски денеска остварил средба со шефот на Мисијата на ОДИХР за набљудување на локалните избори, Матео Мекачи, со кого детално разговарале за надлежностите на Обвинителството во постапките по евентуални кривични дела поврзани со изборниот процес.

Коцевски го информирал Мекачи во однос на структурата и досегашните активности на Привремената комисија задолжена за следење на постапувањето по евентуални изборни нерегуларности поврзани со постоење кривични дела против изборите и гласањето, како и други кривични дела кои би биле сторени при организирањето и спроведувањето на изборите.
„Комисијата е формирана и веќе работи, а евентуалните пријави за кривични дела поврзани со изборите ќе имаат приоритет во постапувањето на Јавното обвинителство во следниот период“,
нагласиле Коцевски и претседателот на Комисијата, Џељаљ Бајрами, за време на средбата.
Во тој контекст, било истакнато дека Јавното обвинителство од почетокот на изборниот процес е веќе во координација и со другите надлежни институции, како што се ДКСК, ДЗР и Државната изборна комисија.
