Велосипедот и бистата се одземени, а за настанот е информиран и јавен обвинител од Основното јавно обвинителство (ОЈО) Гевгелија, по чии насоки се преземаат мерки за расчистување на случајот
Струмичанец доби кривична пријава откако вчера полицијата го затекнала дека во Валандово на велосипед превезува железна биста, информираат од Секторот за внатрешни работи (СВР) Струмица.

„Вчера во 18:45 часот во Валандово е лишен од слобода Ј. В. (41) од Струмица, откако е затекнат како на велосипед превезува железна биста. Велосипедот и бистата се одземени“,
се вели во соопштението од СВР Струмица.
За настанот е информиран и јавен обвинител од Основното јавно обвинителство (ОЈО) Гевгелија, по чии насоки се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Покрај тоа, полицијата информира дека вчера во Валандово од слобода е лишени 31-годишен струмичанец (А. Х.), кој управувал мопед марка „томос“ без регистарски таблички, што претходно е пријавен за украден.
Според СВР Струмица, мопедот е одземен и по документирањето на случајот, ќе следува соодветна кривична пријава.