Имајќи ја предвид опасноста од бегство и потребата од заштита на оштетената со која осомничениот живее во иста заедница, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка доставил предлог за определување мерка притвор

Основното јавно обвинителство поведе постапка против 40-годишен скопјанец кој физички ја нападнал својата мајка во семејниот дом барајќи ѝ пари. Осомничениот е осомничен за кривично дело телесна повреда казниво согласно член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.
Настанот се случил во дворот на семејниот дом на улицата „Славејко Арсов“, на 21 септември, кога осомничениот најпрво на висок тон барал пари од мајка си и татка си. Таткото вознемирен го напуштил дворот, а осомничениот продолжил да ѝ се обраќа на својата мајка со груби и навредливи зборови по што и физички ја нападнал влечејќи ја за рацете. Ја турнал наземи и почнал да ја дави за вратот.
„Оштетената, исплашена за својот живот, некако успеала да се тргне на страна, додека осомничениот продолжил да манифестира насилничко однесување кршејќи ги саксиите со цвеќе и другите предмети во дворот. Како резултат на семејното насилство, на осомничената ѝ биле нанесени телесни повреди“,
информираат од ЈОРМ.
Имајќи ја предвид опасноста од бегство и потребата од заштита на оштетената со која осомничениот живее во иста заедница, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка доставил предлог за определување мерка притвор.