Новата малопродажна цена на еуродизел БС (Д-Е-V) ќе биде 69,5 денари на литар. Малопродажните цени на еуросупер БС-95 и еуросупер БС-98 и на екстралесното масло за домаќинство не се менуваат. Така, еуросупер БС-95 изнесува 75,5 денари за литар, еуросупер БС – 77,5 денари и 69 денари за екстралесното масло за домаќинство
Од полноќ поскапува дизелот за половина денар по литар, цената на бензините останува иста, соопшти денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ).

Со оваа одлука на РКЕ, се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,26 отсто во споредба со претходната одлука.
Новата малопродажна цена на еуродизел БС (Д-Е-V) ќе биде 69,5 денари на литар.
Малопродажните цени на еуросупер БС-95 и еуросупер БС-98 и на екстралесното масло за домаќинство не се менуваат. Така, еуросупер БС-95 изнесува 75,5 денари за литар, еуросупер БС – 77,5 денари и 69 денари за екстралесното масло за домаќинство.
За 0,207 денари за килограм се зголемува и малопродажната цена на мазутоот и ќе изнесува 36,947 денари.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување кај бензините во просек за 0,368 отсто, додека кај другите деривати има зголемување, како кај дизелот за 2,18 отсто, кај екстралесното масло за 1, 481 отсто и кај мазутот за 1,689 отсто.