Стармер претходно најави дека Велика Британија планира да ја признае палестинската државност пред почетокот на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк овој месец, доколку Израел не ги исполни низата услови што од него ги бара меѓународната заедница за подобрување на хуманитарната состојба во Газа
Велика Британија е подготвена да ја признае палестинската држава, а одлуката денес се очекува да ја соопшти премиерот Кир Стармер, пренесува Би-би-си.
Повикувајќи се на владини извори, медиумот пренесува дека Стармер и неговите министри во кабинетот заклучиле дека ситуацијата на терен се влошила во последните недели и дека ќе го објават признавањето на Палестина во недела попладне.
Стармер претходно најави дека Велика Британија планира да ја признае палестинската државност пред почетокот на Генералното собрание на Обединетите нации (ОН) во Њујорк овој месец, доколку Израел не ги исполни низата услови што од него ги бара меѓународната заедница за подобрување на хуманитарната состојба во Газа.

Лондонски „Тајмс“ претходно објави дека Стармер ја одложил официјалната објава за признавање на палестинска држава од страна на Велика Британија до завршувањето на посетата на Трамп на земјата. Причина за воздржаноста било стравувањето дека ова прашање би можело да биде доминантна тема на прес-конференцијата што британскиот премиер и американскиот претседател денеска треба да ја одржат по нивната средба во резиденцијата на Стармер во Чекерс.
Инаку, најавата дека Велика Британија планира да го преземе истиот чекор како Франција, Австралија и Канада, кои соопштија дека ќе ја признаат палестинската држава на самитот на ОН, наиде на негативна реакција од Вашингтон.