На 18 септември насилникот во повеќе наврати во текот на денот вршел грубо насилство врз жртвата и притоа телесно ја повредил, еднаш на работното место, а потоа три пати доаѓал во нејзниот стан, каде насилно влегувал
Основното јавно обвинителство Велес поведе постапка против 59-годишен велешанец, осомничен за демнење, како и за продолжено кривично дело насилство. Постапувајќи по пријава од МВР, како што информираат од Обвинителството, осомничениот, кој бил во интимна врска со жртвата, ја демнел последните неколку месеци, се мешал во нејзиниот личен живот, проверувал со кого комуницира и се дружи, каде излегува, ја навредувал и психички ја вознемирувал, а со тоа кај неа предизвикувал чувство на несигурност, вознемиреност и страв.
На 18 септември, според пријавеното, насилникот во повеќе наврати во текот на целиот ден вршел грубо насилство врз жртвата и притоа телесно ја повредил, еднаш на работното место, а потоа три пати доаѓал во нејзниот стан, каде насилно влегувал.
„Ценејќи ги сите околности, особено фактот дека осомничениот работи заедно со жртвата, неговата упорност физички да ја напаѓа и малтретира во еден ден, како и фактот дека претходно не му се определени привремени мерки за заштита од семејно насилство, јавниот обвинител оцени дека постои ризик од повторување на неговите насилнички дејствија. Воедно, поради неговото занимање и важечка документација за премин на државната граница, тој е во можност да се даде во бегство, па до Основниот суд во Велес, надлежниот обвинител поднесе предлог за определување мерка притвор“,
информираат од Обвинителството.
Судот го прифати предлогот и определи мерка пртивор.