Мерењата на суспендирани цврсти честички со големина до 10 микрометри (PM₁₀) на мерното место во зоната на Трубарево, како што информираат од МЖСПП, се спроведени од вчера од 11:00 часот до денеска во истото време
Просечните концентрации на ПМ честички во Трубарево се во рамките на дозволените граници, покажува најновиот Извештај од индикативни мерења на квалитетот на воздухот на Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП).

Мерењата на суспендирани цврсти честички со големина до 10 микрометри (PM₁₀) на мерното место во зоната на Трубарево, како што информираат од МЖСПП, се спроведени од вчера од 11:00 часот до денеска во истото време.
Според резултатите од последните мерења просечната концентрација на честичките изнесувала 9,8 микрограми на кубен метар, максималната измерена вредност изнесувала 43,3 микрограми на кубен метар, а моменталната на крајот од периодот – 8,2 микрограми на кубен метар.
„Концентрациите се движат во рамките на 24-часовната гранична вредност за заштита на здравјето на луѓето, согласно Уредбата за гранични вредности за загадувачки супстанции во амбиенталниот воздух (Службен весник на РМ, бр. 183/17)“,
велат од Министерството и додаваат дека ќе продолжат со редовно следење на квалитетот на воздухот и навремено информирање на јавноста.