Присутните посочија и дека ако се постапувало по протоколи, ако криците за помош беа слушнати, а реакциите навремени, Росица ќе била на време заштитена
Граѓани денеска попладне се собраа пред зградата на Министерството за внатрешни работи (МВР) во Скопје поради, како што велат, колективниот крах на системот кој дозволува да се случува континуирано насилство врз жени што доведува до фемициди.

Иницијатори за овој протест се неколку невладини организации, а повод е убиството на 31-годишната велешанка Росица Коцева и нејзиниот татко од страна на нејзиниот поранешен партнер, кој потоа се самоуби.

На протестот присутните извикуваа:
Активистите посочија и дека Росица немаше да биде убиена ако се постапувало по протоколи, ако криците за помош беа слушнати, а реакциите навремени.
„Државата во која живееме создава совршени услови насилниците да просперираат, додека ние се плашиме за нашите животи“,
кажаа тие.
Протестот продолжува кај паркот „Жена борец“ во Скопје.