Посебен акцент со Меморандумот, додаваат оттаму, е ставен на транспарентноста во финансирањето на кампањата преку размена на финансиски извештаи и заеднички активности за унапредување на почитувањето на изборната регулатива
Во пресрет на локалните избори, Државната изборна комисија (ДИК), Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) и Државниот завод за ревизија (ДЗР) денеска потпишаа Меморандум за соработка.

Од ДИК посочија дека со ова трите иснституции ја зацврстуваат определбата за непосредна соработка, координација и заемна помош при спроведување на одредбите за финансирање на изборната кампања, размена на информации и податоци, како и навремено постапување по утврдени неправилности.
Посебен акцент, додаваат оттаму, е ставен на транспарентноста во финансирањето на кампањата преку размена на финансиски извештаи и заеднички активности за унапредување на почитувањето на изборната регулатива.
„Меморандумот предвидува и меѓусебна соработка во делот на постапување по претставки, приговори и други постапки од заеднички интерес, консултации и размена на искуства, како и создавање и имплементација на заеднички проекти“,
се наведува во соопштението од ДИК.
Првиот круг од локалните избори ќе се одржи на 19 октомври, а вториот е закажан за 2 ноември.