Трамп и првата дама Меланија се пречекани во Виндзор од кралот Чарлс и кралицата Камила. Потоа се возеа со кочии низ кралскиот имот, заедно со принцот Вилијам и принцезата Кејт. Поворката е придружувана од почесна гарда и изведба на американската и британската национална химна
Американскиот претседател Доналд Трамп пристигна во Велика Британија, како дел од неговата државна посета на земјата, која започна со формален пречек во замокот „Виндзор“, одбележан со воени почести и раскошни церемонии.

Трамп и првата дама Меланија се пречекани во „Виндзор“ од кралот Чарлс и кралицата Камила. Потоа се возеа со кочии низ кралскиот имот, заедно со принцот Вилијам и принцезата Кејт. Поворката е придружувана од почесна гарда и изведба на американската и британската национална химна.
President Trump joins King Charles III in a horse-drawn carriage as he begins his historic U.K. state visit with an arrival ceremony at Windsor Castle.
— ABC News (@ABC) September 17, 2025
Read more: https://t.co/ej5KriNEIo pic.twitter.com/b2Wor01Lbe
Кралот Чарлс и претседателот Трамп се возеа во првата кочија. Кралицата Камила и Меланија Трамп во втората, а во третата кочија се возеа принцот и принцезата од Велс, заедно со американскиот амбасадор и неговата сопруга.
Во четвртата и петтата кочија се возеа високи американски функционери, како државниот секретар Марко Рубио и специјалниот пратеник Стив Виткоф.
Церемонијата заврши со заеднички ручек во замокот, каде што дискусиите продолжуваат во приватна атмосфера.
President Trump inspects the Guard of Honor with King Charles III during an arrival ceremony at Windsor Castle on his historic U.K. state visit.
— ABC News (@ABC) September 17, 2025
Read more: https://t.co/vizY7FBF71 pic.twitter.com/4GND2DAESu
Предвидено е американскиот претседател да положи венец на гробот на кралицата Елизабета Втора.
За вечерта е планиран државен банкет во замокот „Виндзор“.
Британската влада објави дека ова е најголемиот воен церемонијален прием на еден државник во поновата историја.
За утре е закажана средба на Трамп со британскиот премиер Кир Стармер.
Посетата е наменета и за политички преговори, во насока дека Велика Британија и САД потпишаа технолошки договор вреден 42 милијарди долари.
Посетата на Трамп на Велика Британија не помина незабележително во тамошната јавност. Проследена е со протести против неговото доаѓање, но и инциденти, кои се случија во околината на замокот „Виндзор“.
Токму пред неговото доаѓање, британски активисти развија огромен транспарент со фотографија од него и починатиот сексуален престапник Џефри Епстајн на една од кулите на замокот. Потоа се појавија и проекции од слики од нив двајца и принцот Ендрју.
Ова е втора државна посета на Трамп на Велика Британија. Првата се одржа во 2019 година, за време на неговиот прв претседателски мандат. Тогаш тој и беше гостин на кралицата Елизабета Втора, а сега негов домаќин ќе биде нејзиниот син, кралот Чарлс Трети.