„На мое големо задоволство, наставата тече без пречки“, вели министерката за образование
Околу 1 800 ученици од четирите училишта во скопско Трубарево, Општина Гази Баба, следат онлајн настава, информира министерката за образование и наука Весна Јаневска.

„На мое големо задоволство, наставата тече без пречки. Околу 1 800 ученици од четирите училишта во Трубарево посетуваат онлајн настава и досега немаме ниту една поплака“,
изјави Јаневска одговарајќи на новинарски прашања.
Министерството за образование и наука (МОН) претходно информира дека наставата во основните училишта „Крум Тошев“, „Његош“, „Вера Јоциќ“ и „Наум Наумовски Борче“ во Гази Баба оваа недела ќе се одвива онлајн поради пожарот што во саботата избувна во Трубарево. Одлуката е донесена на итна владина седница.