На улиците на Катманду, кои сега се во голема мера без полициски час, оклопните воени возила и тенкови се помалку видливи, а металните капаци на продавниците се отворени, јавува АФП. Тезгите на пазарот се повторно отворени за купувачите, а храмовите за нивните верници

Главниот град на Непал постепено закрепнува од немирите што избувнаа претходно оваа недела, по инаугурацијата на новата премиерка Сушила Карки, за која се очекува да ја води земјата до изборите закажани за март.
На улиците на Катманду, кои сега се во голема мера без полициски час, оклопните воени возила и тенкови се помалку видливи, а металните капаци на продавниците се отворени, јавува АФП. Тезгите на пазарот се повторно отворени за купувачите, а храмовите за нивните верници.
Главниот град беше место на насилни антивладини протести во понеделникот и вторникот, во кои најмалку 51 лице беа убиени, а стотици беа повредени, според најновиот полициски извештај. Зградата на парламентот беше запалена во немирите.
Именувана доцна во петокот по тридневни преговори, поранешната претседателка на Врховниот суд, Сушила Карки (73), го започна својот мандат како привремена премиерка со брзо темпо.
Таа работи на формирање нова влада, соопштија официјални лица. Една од нејзините први задачи е да обезбеди закон и ред низ целата земја. Тоа вклучува апсење на околу 12 500 затвореници кои ги искористија немирите за да избегаат од затвор и сè уште се на слобода.
Претседателот Рамчандра Паудел го распушти парламентот и распиша парламентарни избори за 5 март 2026 година, едно од барањата на младите демонстранти обединети под знамето на „Генерација З“.
Првата жена што ќе го води Непал ќе има зафатен распоред и тешка мисија со оглед на многуте барања на младите луѓе што го соборија стариот режим, но нејзиното назначување беше поздравено од многу Непалци како олеснување.
Индискиот премиер Нарендра Моди ѝ упати најдобри желби на Карки.
„Индија цврсто го поддржува мирот, напредокот и просперитетот за народот на Непал“,
напиша тој на својот профил на социјалната мрежа Икс.
Демонстрантите излегоа на улиците на Катманду во вторникот, палејќи или ограбувајќи ги сите симболи на моќ: парламентот, зградите на министерствата, резиденциите на избраните функционери…
😱This is what the Presidential Palace in Nepal looks like now
— NEXTA (@nexta_tv) September 9, 2025
Or rather, what's left of it after the fire.
The local portal Online Khabar reports that the building housed key offices and departments — including the Prime Minister's offices. All important documents were… pic.twitter.com/QVFuHQTY4v
Досегашниот премиер, К.П. Шарма Оли (73), кој отслужи четири мандати од 2015 година, немаше друг избор освен да поднесе оставка.
Организаторите на протестите, кои се проширија во други градови низ земјата претходно оваа недела, ги нарекоа „демонстрации на генерацијата З“. Тие рекоа дека протестите го одразуваат широко распространетото незадоволство кај младите луѓе поради перципираниот недостиг на акција на владата во борбата против корупцијата.