Тој не сакаше да открие за кого станува збор, но потврди дека ќе има нови информации во текот на денот. Додаде дека слушнал оти осомничениот бил уапсен пет минути пред да влезе во студиото и дека некој многу близок до осомничениот ги известил властите за него

Американскиот претседател Доналд Трамп во своето гостување во ток-шоуто „Фокс енд френдс“ на Фокс њуз, откри дека осомничениот за убиството на Чарли Кирк е упасен. На прашањето дали има некакви вести за осомничениот, Трамп одговори:
„Мислам дека го имаме во притвор со висок степен на сигурност“.
Тој не сакаше да открие за кого станува збор, но потврди дека ќе има нови информации во текот на денот. Додаде дека слушнал оти осомничениот бил уапсен пет минути пред да влезе во студиото и дека некој многу близок до осомничениот ги известил властите за него.
Тој ги пофали локалните власти, велејќи дека одлично си ја завршиле работата и оти сите соработувале.
„Сè се покажа добро. Кирк беше најдобрата личност и не го заслужуваше ова“,
рече тој и додаде дека се надева оти убиецот на Кирк ќе добие смртна казна.
Трамп посочи и дека Кирк бил брилијантен човек.
„Ми помогна со Тик-ток. Републиканците никогаш не ги добиваат гласовите на младите гласачи. Никогаш не сум видел млади луѓе да се собираат околу една личност како што се собираа околу Чарли“,
додаде тој.
Претходно денеска, Одделот за јавна безбедност на Јута објави видео од осомничениот за убиството на најпознатиот десничарски активист во Америка, Чарли Кирк. Видеото прикажува човек како трча преку покривот на училишна зграда, а потоа во блиската шума, каде што подоцна било пронајдено оружјето употребено за убиство на Кирк.
🚨 NEW FOOTAGE ::: SHOOTER ON ROOF
— Culture War Report (@CultureWar2020) September 12, 2025
FBI releases exclusive close-up footage of Charlie Kirk shooter suspect jumping off Utah Valley University roof, 3 mins after the assassination. Suspect fled the scene, with over 7,000 tips already received. #CharlieKirk pic.twitter.com/dYj4Qk4qAm
За потсетување, конзервативниот влијателен човек и близок сојузник на Трамп беше застрелан во вратот во средата, додека се обраќаше пред публика на Универзитетот во Јута. Тој беше однесен во болница, но почина набргу потоа.