Од активно болните, најголем дел се во Скопје и околината – 658. Следува Куманово со 140 болни во овој момент, па Штип со 136 активно болни и Тетово со 119
Со денешните нови 111 заразени, вкупната бројка на ковид дијагностицирани во Македонија од почетокот на епидемијата изнесува 3 025.
Бројот на активно болни, пак, се искачи на 1 226 откако во последните 24 часа се регистрирани само шестмина оздравени. Вкупниот број на излекувани досега е 1 646, а на починати – 153.
Од активно болните, најголем дел се во Скопје и околината – 658. Следува Куманово со 140 болни во овој момент, па Штип со 136 активно болни и Тетово со 119. Во сите други подрачја бројот на активно болни е под 30.
Во Скопје и околината, заклучно со вчерашниот ден, дистрибуцијата на заразени во моментот е следна:
Чаир 152
Бутел 59
Гази Баба 58
Аеродром 53
Сарај 52
Центар 52
Карпош 40
Кисела Вода 29
Арачиново 23
Студеничани 18
Ѓорче Петров 17
Илинден 17
Шуто Оризари 12
Петровец 6
Чучер Сандево 3
Сопиште 2
(се утврдува општина) 1
