Хамас објави соопштение во кое се наведува дека во израелскиот напад загинале шест лица, но оти преговарачкиот тим преживеал
Членот на политичкото биро на Хамас, Сухеил ал Хинди, за катарската телевизија Ал Џeзира изјави дека во денешниот израелски напад во Доха има неколкумина загинати, но оти лидерите на движењето преживеале.
„Лидерите на Хамас го преживеаја овој кукавички обид за атентат, вклучително и главниот преговарач Халил ал Хаја“,
наведе Хинди.
Тој додаде дека во нападот настрадале синот на Хаја и директорот на неговата канцеларија.
Во меѓувреме, Хамас објави соопштение во кое се наведува дека во израелскиот напад загинале шест лица, но оти преговарачкиот тим преживеал.
„Го потврдуваме неуспехот на непријателот да изврши атентат на нашата преговарачка делегација. Нападот е потврда дека (премиерот Бенјамин) Нетанјаху и неговата vлада не сакаат да постигнат никаков мировен договор“,
се наведува во соопштението на Хамас.
Исто така, се посочува и оти во нападот загинале шест луѓе.
„САД се соученици во ова злосторство поради нивната континуирана поддршка на агресијата и злосторствата на окупацијата над нашиот народ“,
истакнува Хамас.
Во меѓувреме Белата куќа соопшти дека американскиот претседател Доналд Трамп однапред бил известен за нападот на Израел врз лидерите на Хамас во Доха и оти го смета тоа за несреќен инцидент.
Хамас и претходно објави дека израелскиот напад бил насочен кон нивната преговарачка делегација, додека израелската армија тврди дека цел било раководството на Хамас.