Откако ги виделе полициските службеници, лицата се дале во бегство, по што еден полицаец испукал предупредувачки истрел во воздух
Полицијата рано утрово спречила обид за разбојништво во маркет на улицата „Џон Кенеди“ во Чаир, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Оттаму велат дека околу 5 часот утрово добиле пријава дека три машки лица насилно влегуваат во маркетот, по што полициските службеници од Единицата за интервентна полиција и ПС Бит-пазaр веднаш презеле мерки.
„Откако ги виделе полициските службеници, лицата се дале во бегство, по што еден полициски службеник испукал еден предупредувачки истрел во воздух. По преземените мерки, од слобода се лишени А.Х. (23) и Е.А. (19), а за едно лице се преземаат мерки за пронаоѓање. По целосно расчистување и документирање на случајот, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци“,
велат од МВР.