Меѓу 151 починат од ковид-19 досега во земјава, 102-ца се лица од машки пол, а 49 се лица од женски пол, покажуваат податоците од Институтот за јавно здравје.
Според ова, продолжува трендот воспоставен речиси од самиот почеток на заразата на два пати повеќе жртви мажи наспроти жени. Во проценти, во моментот, 68% од починатите биле мажи, а 32% жени.

Од починатите, кај 115 (76,2%) се регистрирани коморбидитети. Регистриран е по еден смртен случај кај здравствен работник и бремена жена. Девет (6%) од пријавените починале во вонболнички услови, а останатите 94% починале за време на хоспитализација.

