Двајца доктори и една медицинска сестра од Институтот за јавно здравје се позитивни на ковид-19, потврди министерот за здравство Венко Филипче за МКД.мк.
Според него заразените медицински работници работеле на анкетните листови на сомнителните пациенти, но не оделе на терен туку работните задачи ги извршувале од канцеларија.
Како што јавува МКД.мк, останатите медицински лица од Институтот за јавно здравје се тестирани и нивните тестови се негативни, а двајцата доктори ќе продолжат да работат на анкетните листови од дома.
Во Институтот за јавно здравје има вкупно девет тимови составени од по двајца здравствени работници кои работат на терен со пациенти сомнителни на ковид -19 и кои собираат податоци за нивните контакти и даваат препораки со цел да се спречи ширењето на заразата.
Сега, Институтот за јавно здравје има еден тим помалку за на терен, но останатите 8 продолжуваат со работа.
