За потсетување, целосното инвазија на Украина беше наредена од Владимир Путин пред три и пол години. Во војната загинаа десетици илјади луѓе, а разурнат е голем дел од источна Украина

Рускиот претседател Владимир Путин, денеска се обиде да ја оправда инвазијата на Украина пред сојузниците, обвинувајќи го Западот за провоцирање на конфликтот.
За потсетување, целосната инвазија на Украина беше наредена од Владимир Путин пред три и пол години. Во војната загинаа десетици илјади луѓе, а разурнат е голем дел од источна Украина.
Putin spoke at the Shanghai Cooperation Organization Summit.
— Anton Gerashchenko (@Gerashchenko_en) September 1, 2025
He blamed the West for the "Ukrainian crisis" and said that "the root causes of the crisis" must be removed in order for peace to come.
Looks like Putin has made his choice: he's going to continue the war. https://t.co/yqVH2adAxs pic.twitter.com/kbqYtFnpyH
„Оваа криза не започна со рускиот напад врз Украина, туку е резултат на државниот удар во Украина кој Западот го поддржа и охрабри. Друга причина за кризата се постојаните обиди на Западот да ја вовлече Украина во НАТО“,
рече Путин на самитот на Шангајската организација за соработка во кинескиот град Тјенџин.
Како почна војната во Украина
Конфликтот во Украина започна во 2014 година по месеци масовни протести познати како Револуција на достоинството, со кои беше соборен прорускиот претседател Виктор Јанукович. Кратко потоа, Русија го окупира и анектираше Крим, а на истокот од земјата, во Донецк и Луганск, избувнаа борби меѓу украинските сили и проруските паравоени групи со директна поддршка од Москва. И покрај договорите од Минск од 2014 и 2015 година, војната во Донбас никогаш навистина не заврши.
Ситуацијата драматично ескалираше на 24 февруари 2022 година, кога Русија, по наредба на Путин, започна целосна инвазија на Украина.
Руските сили напредуваа од неколку правци, вклучувајќи го и Киев, но наидоа на жесток украински отпор и беа принудени да се повлечат од северните региони. Војната потоа се концентрираше на југот и истокот од земјата, каде што се водеа најжестоките борби.
До ден денес, украинските градови остануваат систематски бомбардирани од руски ракети и беспилотни летала, додека Украина возвраќа со напади врз воени цели длабоко на руска територија. Конфликтот одзеде десетици илјади животи, расели милиони и претвори огромни делови од земјата во бојно поле, а мировните преговори се во застој.