Од друга страна, анализата на CBO од минатата недела покажа дека приходите од царините би можеле да го намалат федералниот дефицит за околу четири милијарди долари во ист период
Царините кои беа воведени од страна на американскиот претседател Доналд Трамп би можеле да донесат и 500 милијарди долари на годишно ниво за САД, вели американскиот министер за финансии Скот Бесент. На состанокот на кабинетот кој се одржа во Белата куќа, Бесент, меѓу другото, рече и оти нивната претходна процена покажала дека приходот од царините би требало да се движи околу 300 милијарди долари, но поради значителниот скок во јули и август, сега овие предвидувања изгледаат ниски.
„Затоа мислам дека би можеле да бидеме на пат кон многу повеќе од половина билион, можеби една милијарда. Оваа администрација, вашата администрација, значително го намали буџетскиот дефицит“,
рече тој.
Тој кажа и дека овие приходи имаат клучна улога во буџетската политика на американските власти и оти приходите од царините треба да го компензираат зголемувањето на дефицитот што настана поради даночните олеснувања и новото законодавство за трошење, усвоено оваа година.
Сепак, проценките на Канцеларијата за буџет на Конгресот (CBO) се поразлични. Оттаму предвидуваат дека новите мерки ќе го зголемат буџетскиот дефицит за 3,3 милијарди долари во следната деценија. Од друга страна, анализата на CBO од минатата недела покажа дека приходите од царините би можеле да го намалат федералниот дефицит за околу четири милијарди долари во ист период, што е повеќе од нивната претходна проценка од јуни, која изнесуваше три милијарди.