Ако Филипче и Заев велат дека сме ја победиле заразата и дека вирусот слабее, дека сè е супер зошто тогаш го држат народот затворен три дена, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ откако министерот за здравство на прес-конференција рече дека вирусот слабее и дека најголемиот дел од новите случаи се шират во познати кластери.
„Се случува тотално фијаско во справување со кризата произлезена од корона вирусот. Бројката на новозаболени со ковид-19 енормно се зголемува од ден на ден, а власта нема никаква стратегија. Додека луѓе умираат секојдневно, Филипче и Заев ни велат не умираат. Според нив вирусот слабее“,
велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Тие велат дека требало да има масовно тестирање и скрининг на ризичните групи, меѓу кои и здравствените работници што се докажува и со бројката на новозаразени здравствени работници.
*Поврзани вести:
Филипче: Околу 15 семејства носат 90 % од новите случаи
Филипче: Вирулентноста значајно слабее, имаме многу асимптоматски случаи
Во „8 септември“ има 11 заразени од персоналот, на Гинекологија двајца
Филипче: Здравствениот систем не е во ризик, од понеделник веројатно ќе нема рестрикции
