Комисијата за заразни болести в недела ќе одлучува за следните чекор за справување со епидемијата
Одлуката за 80-часовен карантин во Скопје и во уште неколку општини, како и скратениот полициски час во повеќето градови во државата е издржана, оцени министерот за здарвство Венко Филипче, посочувајќи дека со тоа е овозможена дополнителна заштита во критичните региони, на епидемиолозите им е олеснет пристапот на терен, а полесно се изведуваат и тестирањата.
„Од понеделник веројатно веќе нема да има рестрикции. Тогаш сите потврдените случаи на ковид-19 ќе бидат во изолација, како и нивните контакти. Сепак, за тоа ќе се разговара во недела, на седница на Комисијата за заразни болести“,
рече Филипче.
Тој оцени дека здравствениот систем не е во ризик и дека е подготвен и има капацитети да се справи и со вториот бран на коронавирусот. Една од прилините за тоа, според него, е тоа што слабее вирулентноста на вирусот и најголем дел од случаите се асимптоматски.
