Министерот за здравство вели дека во Сарај спласнува ситуацијата со епидемијата
Најголем број од позитивните асимптоматски случаи на ковид-19 сега се во скопските општини Чаир и Бутел, додека во Сарај, по првичниот наплив, сега ситуацијата се смирува, рече министерот за здравство Венко Филипче.
„Речиси 90 проценти од новозаразените со ковид-19 се асимптоматски, а другите се со полесна клиничка семесјство. Има случаи во едно смејство од десет тестирани смо еден да има поизразени симптоми, додека другите се асимптоматски. Голем прој пациенти поминуваат дури и без никаква терапија. Болеста, генерално, сега се манифестира со многу полесна клиничка слика и се намалува вирулентноста“ ,
рече Филипче, посочувајќи дека ситуацијата во Мкаедонија не треба да се споредува со таа во Италија, затоа што, како што рече, македонските здравствени власти имаат многу добра стратегија.
Од денешните рекордни досега 180 случаи, дури 109 се од Скопје.
