Денеска се регистирани 180 нови случаи со ковид-19, а не 177 како што претходно објави државната агенција МИА повикувајќи се на информации од Институтот за јавно здравје.
Министерството за здравство, преку соопштение информира дека во последните 24 часа се направени 1 272 тестирања, а регистрирани се 180 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-109, Куманово-26, Дебар-1, Штип-15, Тетово-12, Струга-1, Велес-1, Битола-1, Охрид-1, Гостивар-8, Гевгелија-2, Валандово-1, Свети Николе-1, Неготино-1.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрирал 11 оздравени пациенти, во: Скопје-6, Прилеп-1, Велес-4.
Починати се две лица. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент од Куманово на 52 години години, лекуван на клиниката од 30 мај, а во Градската општа болница „8 септември“ почина пациентка од Скопје на 68 години, хоспитализирана на 29 мај.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 2 790, бројката на оздравени пациенти е 1632, на починати е 149, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1009. Вчера по завршување на епидемиолошките анкети утврдено е дека еден од позитивните тестови од Скопје е контролен тест. Согласно тоа последната дистрибуција по градови е следна:
• Скопје 1158, активни 552
• Куманово 526, активни 110
• Дебар 52, активни 1
• Штип 142, активни 104
• Прилеп 217, активни 31
• Тетово 257, активни 100
• Струга 91, активни 19
• Велес 138, активни 28
• Битола 29, активни 3
• Охрид 25, активни 8
• Кавадарци 6, активни 1
• Гостивар 41, активни 20
• Гевгелија 6, активни 2
• Струмица 5, активни 3
• Крива Паланка 6, активни 0
• Радовиш 4, активни 0
• Крушево 3, активни 0
• Кочани 41, активни 10
• Пробиштип 5, активни 3
• Демир Хисар 1, активни 0
• Македонски Брод 2, активни 0
• Пехчево 3, активни 0
• Берово 2, активни 1
• Валандово 3, активни 2
• Виница 3, активни 1
• Делчево 1, активни 0
• Кратово 3, активни 1
• Свети Николе 3, активни 3
• Кичево 3, активни 1
• Неготино 14, активни 5 (*8 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Направените 1 272 теста се преку: ИЈЗ –604, ЦЈЗ Скопје-56, Авицена –136, Биотек -119, Жан Митрев (Филип Втори) –155, Систина со PCR метода –111 и МАНУ -91.
Досега во земјата се направени вкупно 34 386 тестирања на ковид -19.
Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 16 теста се во рамките на скринингот во градинки во Штип и меѓу нив нема позитивни резултати на ковид-19.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 10 нови пациенти, од нив 5 се префрлени од ГОБ „8 септември“. Во моментов се хоспитализирани вкупно 53 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.
До утрово, во ГОБ „8 Септември“ примени се 7 нови, а вкупно хоспитализирани 27 пациенти. На респираторна машина се 7, a со потешка клиничка слика се уште 6 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 9 пациенти, а на домашно лекување преку болницата се следат 2 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани 19 пациенти. На инфективните одделенија во Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 29 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.