Свесен сум дека актуелната одлука за ограничување на движењето на граѓаните не е идеална, но таа треба да се почитува, порачува министерот за внатрешни работи Наќе Чулев преку социјалните мрежи.
Неговиот статус е апел до граѓаните да се почитуваат мерките за време на двата празника, Задушница кој се одбележува утре и Духовден во недела.
„Големата бројка на лица кои се носители на вирусот е факт кој не смееме да го игнорираме и занемариме. Но, таа бројка не обврзува и сите нас кои сме носители на јавни, и политички функции, одлуките кои ги носиме да бидат засновани на аргументи, а не на дневна политика, посебно оние одлуки кои се поврзани со заштита на здравјето на граѓаните. Сите ние сме одговорни за своето, но и за колективното здравје. Апелирам до граѓаните да ги почитуваат мерките за ограничување на движењето“,
вели Чулев.
Тој вели дека дисциплината и одговорноста се карактеристика на големите луѓе и верува дека пред нас ќе дојде време кога ќе можеме посигурно и побезбедно да ги одбележуваме убавите моменти, но и да им оддадеме почит на тие кои не се помеѓу нас.
