Пред почетокот на самитот, Зеленски објави дека во исто време пристигнуваат извештаи за, како што изјави, „намерни руски напади“ врз регионите Суми, Дњепропетровск, Запорожје, Херсон и Донецк

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вели дека Русија продолжува да ја напаѓа Украина пред самитот во Алјаска меѓу Доналд Трамп и Владимир Путин, но нејзиниот обид да „покаже сила“ со нов напад на исток не успеа, пишува Ројтерс.
„На денот на преговорите, тие исто така убиваа луѓе. И тоа многу кажува“,
напиша Зеленски на Телеграм.
Пред почетокот на самитот, Зеленски објави дека во исто време пристигнуваат извештаи за, како што изјави, „намерни руски напади“ врз регионите Суми, Дњепропетровск, Запорожје, Херсон и Донецк.
„Војната продолжува. Продолжува токму затоа што нема ниту наредба, ниту сигнал дека Москва се подготвува да ја заврши оваа војна“,
вели Зеленски.
Зеленски нагласи дека Украина е подготвена да работи што е можно попродуктивно за да ја заврши војната и изрази надеж за силна американска позиција.
„Сè ќе зависи од ова – рускиот фактор во американската сила. Немојте да се залажувате – силата“,
додава украинскиот претседател.
Зеленски потсетува и на вирутелната средба што пред два дена ја имаа заедно со европските лидери и со американскиот претседател Доналд Трамп, велејќи дека на сите им е потребен праведен крај на војната.
„Неодамна разговаравме со САД и Европејците што навистина може да функционира. На сите им е потребен праведен крај на војната“,
пишува Зеленски.
Инаку, средбата Трамп – Путин треба да се одржи во воздухопловната база „Елмендорф-Ричардсон“ на околу 10 километри од Енкориџ. Средбата е најавена за 11:30 часот по локално време, односно 21:30 часот по централноевропско време.
Според пишувањата на странските агенции, Трамп веќе е пристигнат на Алјаска, а исто така слетал и руски владин авион, но не е познато дали Путин е во него.