Од двата активни пожари, еден е на територија на Општина Македонски Брод, поточно во повеќенаменското подрачје „Јасен“, каде што гори мешана шума. Вториот активен пожар е во Општина Јегуновце, поточно помеѓу селата Рогачево и Јажинце, каде што горат пасишта
Под контрола е ставен пожарот во регионот на селата Девич и Грешница во Општина Македонски Брод, каде што е опожарена ниска вегетација

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека во изминатите 24 часа во Македонија се евидентирани вкупно 29 пожари на отворен простор.
Од нив, два сè уште се активни, еден е ставен под контрола, а другите се изгаснати. Како што информираат од ЦУК, ваква е состојбата со пожарите во државата до 6:30 часот денеска наутро.
Од двата активни пожари, еден е на територија на Општина Македонски Брод, поточно во повеќенаменското подрачје „Јасен“, каде што гори мешана шума. Вториот активен пожар е во Општина Јегуновце, поточно помеѓу селата Рогачево и Јажинце, каде што горат пасишта.
Под контрола е ставен пожарот во регионот на селата Девич и Грешница во Општина Македонски Брод, каде е опожарена ниска вегетација. Изгаснати се вкупно 26 пожари.
Инаку, вчера од Министерството за внатрешни работи (МВР) информираа дека полициски службеници лишиле од слобода две лица во Куманово и Тетово поради постоење основи на сомнение за предизвикување пожар. Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случаите по што ќе следи соодветна пријава.