Како што соопштија локалните власти, има луѓе кои се заробени под урнатините и во тек е спасувачка акција
Едно лице загина, а повеќе од десет се повредени при силна експлозија во фабрика за челик во местото Клертон, Пенсилванија во САД. Како што соопштија локалните власти, има луѓе кои се заробени под урнатините и во тек е спасувачка акција.
„Првично имаше две лица кои се водат како исчезнати. Во текот на изминатиот час, едно од тие лица беше спасено и пренесено е во локалната болница.“
соопштија од полицијата.

Гувернерот на Пенсилванија, Џош Шапиро ги повика жителите да ги следат упатствата и препораките на локалните власти, бидејќи ситуацијата се уште е активна.
Точниот број на повредени се уште се утврдува, а се истражуваат и причините за несреќата.