На крајбрежјето, пожарот што избувна во Буљарица од запален автомобил на магистрален пат, продолжи да се шири низ недостапните места и стигна до Чањ. Според изјавите на надлежните, ситуацијата е сериозна бидејќи пожарот им се заканува на станбените објекти и хотелските комплекси
Ширум Црна Гора денеска се регистрирани неколку големи пожари. Зафатени се области околу Подгорица, во близина на Никшиќ, Бијело Поље, како и на црногорското крајбрежје во близина на Чањ и Буљарица.

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување на Црна Гора, Миодраг Бешовиќ, изјави дека најтешка е ситуацијата кај местото Пипери, каде што има пожари на неколку локации и каде што се загрозени неколку куќи. Оттаму се евакуирани неколку домаќинства, а еден пожарникар е повреден при гасење на пожарот.
„Во гаснењето на пожарот се вклучени сите расположливи капацитети на Министерството за внатрешни работи, а помага и роботско возило. Пожарникари од неколку општини работат на локализирање на пожарот“,
изјави директорот на Дирекцијата за заштита и спасување на Црна Гора.
На крајбрежјето, пожарот што избувна во Буљарица од запален автомобил на магистрален пат, продолжи да се шири низ недостапните места и стигна до Чањ. Според изјавите на надлежните, ситуацијата е сериозна бидејќи пожарот им се заканува на станбените објекти и хотелските комплекси.
Премиерот на Црна Гора, Милојко Спајиќ, изрази благодарност до пожарникарите, а на граѓаните им порача дека владата ќе им обезбеди помош доколку претрпеле материјална штета во пожарите.
Во меѓувреме, црногорската влада побара помош во гаснењето на огнените стихии од Европската Унија и од НАТО, а помош од регионот веќе најавија Србија и Хрватска.