Сè уште е активен пожарот кај Националниот парк „Јасен“
До 18 часот попладнево на територија на државата се регистрирани вкупно 10 пожари на отворен простор од кои четири се активни, а шест се изгаснати, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Активни пожари има кај Националниот парк „Јасен“ на територија на Македонски Брод, кај селото Теарце, кај селото Радуша во Општина Сарај и кај кичевското село Челопејци. Зафатени се мешана шума и ниска вегетација.
Изгаснати се шест пожари на отворен простор и тоа:
- Општина Струмица – с. Сарај (отпад)
- Општина Куманово – с. Табановце (ниска вегетација)
- Општина Врапчиште – с. Ломница – с. Калиште (шума)
- Општина Тетово – Тетово (ниска вегетација и ѓубре)
- Општина Кочани – м.в. Трајаново трло (ниска вегетација)
- Општина Ресен – с. Долно Дупени (дабова шума и ниска вегетација)