Министерот за економија вели дека ќе биде дадена крајна опомена и предупредување до нив да се однесуваат соодветно бидејќи во спротивно Владата ќе воведе ригорозни мерки
Трговците, производителите и дистрибутерите попладнево ќе имаат средба со министерот за економија и труд Бесар Дурмиши на која ќе разговараат за цените на прехранбените производи.

Како што изјави Дурмиши на денешната прес-конференција, на средбата ќе биде дадена крајна опомена и предупредување до нив да се однесуваат соодветно бидејќи во спротивно Владата ќе воведе ригорозни мерки.
„Нашето барање е да дејствуваат соодветно, да не ги зголемуваат цените. Ова ќе биде крајна опомена и предупредување до нив. Во спротивно, ќе преземеме мерки кои ќе бидат ригорозни. Ако се однесуваат како претходните месеци, ќе преземеме соодветни чекори, ќе донесеме остра одлука. Со тоа што ги викаме на средба, значи дека се подготвуваме за преземање мерки“,
изјави министерот одговарајќи на новинарски прашања.