Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), за време на викендот и во текот на наредната седмица времето ќе биде претежно сончево и топло со пораст на дневната температура до 39 степени
По најавите на синоптичарите за пораст на дневните температури до 39 степени, почнувајќи од денеска до 13 август, Министерството за здравство апелира граѓаните да ги почитуваат општите препораки за заштита од високи температури.
Оттаму додаваат дека ја следат состојбата на дневна основа и ќе постапува согласно процените и потребите.
„Престојувајте во затворени, разладени простории, особено во периодот од 11:00 до 17:00 часот. Внесувајте доволно течности, избегнувајќи алкохол и засладени пијалаци. Носете лесна, светла облека и користете заштита за глава и очи. Избегнувајте физичка активност во најтоплите часови од денот. Посветете внимание на деца, стари лица, лица со хронични заболувања и бремени жени – овие групи се особено чувствителни на високи температури. Во случај на симптоми како вртоглавица, главоболка, гадење или забрзан пулс – веднаш побарајте медицинска помош. Одложете активности на отворено во најтоплиот дел од денот. Обезбедете микроклиматски услови (разладени простории со температура до 25°C) на работното место и во домот“,
препорачуваат од ресорното министерство.
Инаку, времето денеска ќе биде сончево сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 22, а максималната ќе достигне од 30 до 37 степени Целзиусови.

И во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 19, а максималната ќе достигне до 36 степени Целзиусови.
Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), за време на викендот и во текот на наредната седмица времето ќе биде претежно сончево и топло со пораст на дневната температура.
