Во краткиот тест-период за враќање во нормала, кога се укинаа рестриктивните мерки на крајот на мај, некои граѓани се вратија на лошите навики за непочитување на едноставни правила, не само оние кои се поврзани со ковид-19, туку и на општите правила за јавна хигиена, пишува „Призма“ во фото-репортажа од Градскиот парк во Скопје.
Како што се посочува, остатоците од пијалоци од храна во скопскиот Градски парк укажуваат дека таму се случуваат вечерни забави во поголеми групи, што не е дозволено ниту со препораките за заштита од коронавирусот, ниту со правилата за комунален ред.
